Список на рурални средини во кои можете да инвестирате со грант од ИПАРД преку Мерка 7

Еден од клучните предуслови за аплицирање за неповратен грант до 600.000 евра преку популарната мерка 7 од ИПАРД програмата е локацијата на инвестицијата да се наоѓа во рурално подрачје, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај сите села во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Без разлика дали планирате инвестиција во рурален туризам, производство на непрехранбени производи или алтернативно земјоделско производство, доколку локацијата каде што ја планирате инвестицијата се наоѓа во листата во продолжение го исполнувате овој услов.

 

link, hyperlink, chain-6931554.jpgСписок на рурални средини

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *